Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скотедонија - земјата на братската дружба

2013-12-18
Четириесетгодишниот Ерик Мекгир пред пет години требал да патува за Македонија и се' што знаел за Југоисточна Европа е дека е потенцијално опасно место и тотална енигма за него; се додека не почнал да пишува по форуми и да стекнува пријателства со луѓе кои денес ги смета за свои браќа.

Во 2008 г. шкотските навивачи се спремале да дојдат во Македонија за да го проследат напреварот помеѓу двете селекции во фудбал. Решиле да се информираат повеќе за земјава, почнале да пишуваат на македонски форуми, се запознале со наши навивачи и оттука почнало се'.

Ерик Мекгир е еден од тие навивачи кои пред 5 години за прв пат ја посетил Македонија и веднаш се заљубил во луѓето и во земјата. Пред исто толку години човекот стана хит на интернет со видеото како ја пее „Македонско девојче“, а вчера, на повторната дружба со другарите од навивачката група на Работнички имаше уште едно пејачко деби со нова песна.

Македонија плус Шкотска и резултатот е Скотедонија - а таква и група на Фејсбук си отворија другарите од двете земји каде постојано си се во контакт и споделуваат се што ги поврзува нив како луѓе, но и овие две многу пријателски земји.

Македонските фанови се особено горди што имаат вакви пријатели, особено ако се земе предвид дека шкотите имаат добротворен фонд и при секое патување во странство донираат средства за децата без родители. Вчера СОС Детското село во Маџари имаше среќа да добие 2.000 фунти како донација од овие наши пријатели.

Вечер на трибините на Арената „Филип II“ секој посебно ќе си ги бодри своите национални фудбалски тимови, секој потајно ќе се надева дека неговата репрезентација ќе издвојува победа, но без разлика на исходот, по натпреварот сите заедно ќе продолжат со дружбата бидјеќи Скотедонија е повеќе од „држава“ и им благодариме што вчера не' викнаа и нас да бидеме граѓани на таа најпозитивна на свет дружба.

Текст: В.Р.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]