Следете нé или притиснете Escape

Наслов

НОКАУТ наскоро со нов спот и нова песна

2015-02-09
Сликиве кои ги гледате овде се дел од историјата на НОКАУТ. На оваа со насловната страница на Екран е првата постава на бендот, која одлично функционираше 5 години. Тука НОКАУТ се заедно со Каролина Гочева и Тоше Проески.

Но, сосема природно, НОКАУТ продолжи да оди по нагорна линија. Пред 10 години беше  оформена сегашната постава засилена од 6 нови членови, со цел да го сменат звукот и да се преориентираат на поквалитетни настапи со бенд во живо. Тоа резултираше со бројни настапи, концерти и покана да бидат специјални гости на концертот на легендарните Duran Duran, а и да свират на иста сцена со вечниот бунтовник Џони Ротен (Sex Pistols) на Скопје Гори.

- 2014. година ја завршивме со 2 претновогодишни концерти во Универзална сала и не застануваме тука. Оваа, јубилејна година ќе ја почнеме со промоција на спотот за песната „Желба", која е дел од нашиот албум „Три". Спотот е во завршна фаза, па многу наскоро очекувајте инфо. А, како што ветивме на промоцијата на последниот албум, нема да чекаме многу пред да ве израдуваме со нов албум. Веќе сме влезени во студио и работиме на нова песна со работен наслов "Moli Miracle". И додека сево ова го работиме, не забораваме дека успеавме да стигнеме до тука само заради поддршката од нашата публика која очигледно сака македонска музика, вели фронтменот на НОКАУТ, Никола Перевски.

Фото: Миладин Паповиќ, pixel.mk

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]