Следете нé или притиснете Escape

Наслов

„Гласно” - против лошите навики - однесување на улица

2014-05-20
Несоодветното однесување на улица – свирења, пцовки, нетолеранција и напнатост е секојдневие. Речиси се навикнавме да живееме со тоа. Но зошто? А реално на таквите лоши навики постојано се посочува, но некоја голема промена не се забележува.

Пешаците често се несигурни, возачите исто така, велосипедистите најчесто се збунети, тротоарите - преполни со паркирани автомобили, уште еднаш зошто?  Сите се дел од сообраќајот, но се однесуваат како сообраќајот да постои за нив.  Сред бел ден или навечер, рано изутрина или на полноќ, улиците преполни со  „лошите навики“.

Велосипедистите често возат на обратната-недозволена страна од улицата, но уште почесто од возачите на автомобили се перципираат како пречка за нивното брзање или како застој во сообраќајот.  Моторџиите безмилосно се тркаат низ градскиот метеж,  најчесто без кацига. Дечките од журка  грмат со моторите додека Партизанска спие. А за  ризикот од  „опасни грешки“  не се размислува кога треба, туку откако ќе се згреши. А често ни тогаш.

Чекаме автобус, секој со своето време и со своите навики, еден со грицки, друг со сендвич, трет со шише вода, корпата е блиску, но никој не е ја забележува. А ако и некој се обиде да опомени, може да помине лошо. Во автобус сликата е иста, само во возење. Затоа најлесно и најсигурно е  „ќути си и терај“.

И кому му е најлесно, на оној што се рекреира на улица, на следниот што се трка или на забрзаниот возач кој очајно се обидува да стигне на време. Или сите се навикнати да го конзумираат хаосот кој реално им пречи и на оние кои го прават.

А во паркот или во дворот пред зграда, кадешто на сите  треба да ни е убаво, нашите кучиња со педигре се шетаат без корпа и без ланец, а  изметот кој наместо уредно собран да заврши во канта, останува по тревниците. А мокрењето во затемнетите делови од градот или на скалилата од зградите? Онаму каде што другиот ден децата играат џамлии или криенка, додека  очите штипат од страшната реа која се шири. А ѓубрето кое често завршува до контејнер, наместо во контејнер, или низ прозор, во лифт, а на многумина од соседите не им ни пречи, веројатно дека е нивно, или дека се слични?

На секој од нас по нешто ни пречи, но се додека не се научиме да ги разликуваме добрите од лошите навики и се додека прво не си признаеме пред себе, за потоа грешката да ја признаеме пред другиот ништо не правиме. А од некаде треба да се почне, нели?

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]