Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Еволуцијата на Хртс

2014-07-15
Во неделата на Петроварадинската тврдина по вторпат во мојот живот имав прилика да ги слушам Хртс во живо. Резултатот? Бендот се' уште беспрекорен во изведбата во живо, ама сега веќе дигнал левел во сценскиот настап.

Кога пред три години излегов позитивно запрепастен од Метрополис Арената на тогашното изадиние на „Скопје Гори” чија круна беше настапот на Хрт, не верував дека повторно ќе имам можност да гледам еден таков совршен концерт на новопечените ѕвезди од Манчестер. Не бев во право.

Три години и уште еден албум подоцна - Хртс се веќе готов и комплетен музички производ на ниво на големите мега ѕвезди. Ако во 2011-та во Скопје беа мрачни и моќни, најмногу поради тонот на албумот Хепинес, тогаш во 2014-та на главната сцена на фестивалот Егзит, манчестерците со нивниот сценски настап беа во рангот на Колдплеј. Тео во енергично издание е нешто кое досега го немав видено, а и не верував дека ќе го видам бидејќи бев убеден дека ќе се држат до својот иницијален стил. Енергијата која ја имаа со публиката порано беше некако еднострана, публиката уживаше, а тие примаа. На Егзит беше нешто сосема друго. Тука веќе Хртс многу подиректно комуницираа со своите фанови и направија прекрасна атмосфера.

Како комбинација на бавна и моќна енергија и експлозивен и брз сценски настап, концертот се одвиваше во тотално непредвидлив правец во текот на вечерта и ги остави егзитџии со прекрасни спомени од еден од најдобрите настапи на фестивалот.

За крај - нека говорат фотките и неколкуте клипови кои можев да ги најдам на интернет.

Фото и текст: Владимир Ристевски

ЦЕЛА ГАЛЕРИЈА ТУКА.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]